Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се пријави за ЕХФ Европскиот Куп, на 20.јули го дознаваме ривалот
ЖРК Вардар се пријави за ЕХФ Европскиот Куп, на 20.јули го дознаваме ривалот

ЖРК Вардар се пријави за ЕХФ Европскиот Куп, на 20.јули го дознаваме ривалот

По пауза од три години, ЖРК Вардар се враќа на европската ракометна мапа. Младите девојки ќе добијат прилика да играат на европски мечеви.   Тимот и официјално пријави  екипа  до европската куќа на ракометот за ЕХФ Европскиот КУП.

Се чека само потврда за настап од централата, пријавувањето на екипите е до утре (6.јули, вторник) жрепката е  закажана за  полoвина месец, односно за на 20 јули, кога црвено-црнит дами ќе го дознаат својот ривал.

Тимот и покрај скромниот буџет прави максимум да им даде на девојките прилика за докажување која тие ја заслужуваат со добрите игри и двете „сребра“ во изминатата сезона. Раководството вложува и во подобрување на условите за напредок, како што објавивме ќе биде ангажиран  професионален тренер за физичка подготовка, односно кондиционен тренер. Ќе биде пополнето и местото за лице задолжено за здравјето на девојките, односно физиотерапевт.

Од Вардар заминаа три девојки,  на играчите кои го напуштија клубот им посакуваме се најдобро и благодарност што беа дел од тимот. Во новата сезона вардарки ќе бидат посилни за искуството, за базната подготовка со професионален пристап, тимот има покрај прв тренер, кондиционен има и тренер на голмани, па сме покриени на сите полиња. Додатно веројатно ќе бидат ангажирани и некои нови девојки, а ќе добијат и шанса некој ракометарки од кадетскиот состав, екипата во која има премногу квалитетни, млади и надежни девојки кои „чукаат на вратата“ на сениорскиот тим.