Денес по неколку дена пауза повторно се собра младинска женска селекција на Македонија. Веќе се навлегува во треттата фаза од подготовките за ЕХФ-шампионатот. Првата беше во Скопје, втората во Маврово од каде се вратија на 2.јули девојките и одмараа до денес.
Во ростерот ќе имаме шест девојки од ЖРК Вардар, кои ќе се борат за настап на шампионатот. Распоредот за дуелите погледнете го на нашиот сајт-тука
По последниот “филтер“ остануваат шест вардарки кои влегуваат во комбинација за настап, станува збор за: голманот Јована Трајкоска, пинерското дуо Ивана Џатевска-Катерина Дамјаноска, бекот Костовиќ Ангела, левото крило Сара Миновска од првиот тим на ЖРК Вардар. Покрај нив од кадетскиот состав на црвено-црните е Пешиќ Мила, тука и досегашниот капитен на кадетките кој пред неколку дена смени тим, Коловска Александра.
На подготовките беа претходно Галевска Марија и Максимовска (кадетка) на кои не смета селекторот, Симона Грујовска исто така не е дел од оваа репрезентација, таа ги започна подготовките во Скопје, но пред заминувањето во Маврово доби незгодна повреда која ја спречува да биде дел од подготовките и да настапи на ЕХФ Шампионатот.