Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар цела есенска сезона ќе ја одигра со убразан распоред во септември и октомври
ЖРК Вардар цела есенска сезона ќе ја одигра со убразан распоред во септември и октомври

ЖРК Вардар цела есенска сезона ќе ја одигра со убразан распоред во септември и октомври

Како шо пренесува 24.ракомет.мк, управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе итна одлука во однос на играњето на натпреварите од сите конкуренции во забрзан ритам.  Суперлигата, Женската лига и Првата лига, ќе се играат петок и понеделник и сите би требало да завршат до крајот на октомври.

РФМ веќе ги информираше клубовите за оваа одлука и во текот на оваа седмица треба да се моделира календарот во сите конкуренции. Трошоците за тестовои за коронавирус ќе бидат на товар на РФМ, а тестирањето ќе се врши во „ЈЗУ 8-ми септември“.Секој клуб ќе треба да именува ковид-координатор следнава седмица, кој ќе се грижи за сите работи во врска со спроведувањето на сите пропишани протоколи за организација на натпреварите во сите конкуренции.

РК Вардар бидејќи е дел од СЕХА и ЛШ, не настапува во лигата. Женскиот тим ќе мора во наредните два месеца да ги мине сите 13.кола од Супер лигата. Девојките на Ристова и Царчев ќе одигаат 12.меча во едно коло ќе бидат слободни поради непарниот број екипи (13.тима) колку што ќе се натпреваруваат оваа сезона 2020/2021 година во женската Скопско лига.