Колку позитивен беше потегот за македонскиот ракомет од ланската кадетска екипа на Вардар да се направи прв тим, се покажа само по една сезона. Па така во двете селекции, младинската и кадетската на Република Македонија има дури 15 девојки од ЖРК Вардар.
На списокот за претстојниот ЕХФ W17 2019 Шампионат во Италија има 12 вардарки, на списокот за младинки има пет (две се поклопуваат со кадетскиот список). Речиси сите црвено-црни девојки во ростерот се со репрезентативен повик. Списокот на 15 повикани изгледа вака:
Tрпевска, Божиновска, Илиќ (младинска), потоа Џатевска и Седлоска (младинска и кадетска). За кадетската повикани се: Грујовска, Трајкоска, Коларовска, Миновска, Ѓорѓиевска, Костовиќ, Гроздановска, Стаменова, Петковска, Дамјановска. Списокот ќе беше поголем, но Милица Николиќ се опоравува од операционен зафат, таа беше стандарден младински репрезентативец на сите подготвителни дуели.