Како пред две години, така и оваа, ракометарите на Вардар се собраа на Хвар, на заеднички одмор, после освоената Европска титула.
Голем дел од играчите се наоѓаат на Хвар, заедно со извршниот директор на клубот, Давор Стојаноски и оперативниот менаџер, Марко Савовски, како и дел од лекарскиот тим на клубот. Од играчите ќе ги нема Милосављев, Гедбан и Мораес Фереира, додека денес се очекува да се приклучат и играчите од Русија.
Ова е последен одмор за вардарци, кои за десеттина дена ги започнуваат подготовките за новата сезона. Останува да уживаат на заедничкиот одмор во Хвар и да ги наполнат батериите, пред предизвиците кои ги очекуваат во новата сезона, а тоа е одбрана на Европската титула.