Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Како на тренинг Вардар ја победи Подравка и обезбеди финале во регионалната лига

Како на тренинг Вардар ја победи Подравка и обезбеди финале во регионалната лига

Екипата на ЖРК Вардар очекувано славеше против Подравка, во полуфиналето на регионалната лига и обезбеди финале во ова натпреварување. Полесно од очекувањата нашите девојки високо го поразија шампионот на Хрватска и славеа триумф со резултат 29:16.

Вардарки започнаа фуриозно, уште во 4. минута нашиот тим веќе имаше предност од 4-0. Веќе во 4. минута тренерот на Подравка беше приморан да бара минута одмор. Првиот погодок гостинките го постигнаа во 5. минута преку Видак. Веќе во 11. минута нашиот тим имаше предност од пет голови 7-2. Во 12. минута се одигра и најдобрата акција во првиот дел, Радичевиќ одлично одигра цепелин со Херем, која постигна ефектен погодок за висока предност од 8-2. Силата на Вардар тимот на Подравка ја осети уште во првата половина на првиот дел, гостинките за 18. минути успеаа да постигната само три погодоци. Вардаровиот sид не беше пробиен и во наредните четири минути од мечот. Во 21. минута Вардар имаше предност од 11-3. Следуваа два погодоци во серија на Подравка, за намалкување на предност на Вардар на 12-5. Добрата игра на Подравка продолжи и во наредните минути, во 26. минута резултатот гласеше 13-7. На крајот, на пауза се замина со пет голови предност за Вардар 14-9.

Вториот дел започна со гол на Подравка за намалување на 14:10, по што следеа два гола во серија на Радичевиќ и Херем за наше водство од 16:11. Поранешната ракометарка на Подравка, Андреа Човиќ успеа да постигне гол и да му донесе предност на Вардар од 19:112 во 39 минута од натпреварот. Песоа беше на голот во првото полувреме и забележа пет одбрани, додека на второто полувреме застана Ина Суслина. Со шестиот гол на Лакрабер, црвено-црните во 46 минутаа имаа највисоки 22:13, додека три минути пдоцна имавме и двоцифрена предност кога погоди Кликовац за 24:14. До петтата одбрана стигна и Сулина, а Хмирова продолжи да го полни голот на противникот, за зголемување на 26:14. Потполно незаинтересирано делуваше екипата од Копривница, додека Вардар постојано ја зголемуваше разликата. Со голот нна Ристовска на три минути пред крајот имавме резултат од 29:16. Со овој резултат заврши натпреварот во Јане Сандански.

Лакрабер беше прв стрелец со 7 голови, додека 6 беа зад името на Јованка Радичевиќ.

Во другото полуфинале од 18 часот се среќаваат екипите на Будуќност и Крим Меркатор. Победникот од овој меч утре во ситиот термин ќе игра во големото финале со Вардар.