Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Станковски: Во преден план ни е лигата на шампиони – Дамњановиќ: Будуќност е добра подготовка за Ф4 во Будимпешта

Станковски: Во преден план ни е лигата на шампиони – Дамњановиќ: Будуќност е добра подготовка за Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар ќе игра во големото финале на регионалната лига, откако попладнево ја совладаа екипата на Подравка. Овие два дена спортскиот центар Јане Сандански е домаќин на завршниот турнир во ова натпреварување, а црвено-црните немаа поголеми проблеми на патот до финалето. Подравка само во одреден период од мечот пружи отпор, кој не беше доволен на крајот да се избегне висок пораз. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обрати помошниот тренер, Аце Станковски кој го изјави следново:

-Честитки за девојките за пласманот во финалето. Во преден план ни е ЛШ, настојувавме да се воигруваме за натпреварот со ЧСМ Букурешт. Имавме доста технички грешки, мислам дека во наредниот период ќе мора да работиме на елиминирање на грешките при полуконтрата, за да одиме на Ф4 подготвени како што треба.

Дамњановиќ потенцираше дека сме имале грешки, кои мора да ги поправиме и дека Будуќност ќе биде добар тест пред предизвикот наречен “Будимпешта“ и ЦСМ Букурешт.

-Честитки за Подравка на фер и коректната игра. Задоволна сум што победивме и што играме во финалето. Имавме технички грешки и промашени шутеви. Тоа мора да го поправиме. Што се однесува до финалето, Будуќност е квалитетна екипа на хартија, но Крим изненади во Љубљана. Се е можно, но Будуќност ако дојдат да играат против нас во финалето, тоа сигурно ќе биде добра подготовка за Ф4.