Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки во борба за првиот трофеј сезонава, денес во финалето на ВРХЛ се среќаваме со Будуќност

Вардарки во борба за првиот трофеј сезонава, денес во финалето на ВРХЛ се среќаваме со Будуќност

Денес со почеток од 18 часот се игра финалето во регионалната лига. Во него ќе се сретнат екипите на ЖРК Вардар и Будуќност. Ова е епилогот од вчерашните одиграни полуфинални мечеви, во кои црвено-црните беа подобри од Подравка (29:16), додека Будуќност го победи Крим (31:23).

На претходните три турнири во регионалната лига, одигравме два натпревари со денешниот противник. По една победа им припадна на двете екипи. На првиот турнир одигран во Подгорица, Будуќност славеше минимално со резултат 30:29, додека Вардарки вратија со победа во рамките на третиот турнир кој се одигра во Копривница. На тој меч нашите девојки победија со еден гол разлика 28:27. По еден триумф Вардар и Будуќност имаа и во лигата на шампионите и тоа остварени на гостински терен. Овој дуел ќе биде загревање, но и добар тест и проверка на формата пред главниот предизвик кои ги очекува на завршниот турнир во Будимпешта. Неагу беше најефикасна ракометарка на црнагорските во победата против Крим Меркатор и се очекува да биде најголема опасност и по нашиот гол во денешното финале.

Влезот и за големото финале во Јане Сандански ќе биде слободен за сите љубители на ракометот. Сите кои нема да бидат во можност да бидат во сала, истиот ќе можете да го проследите низ директен пренос на МТВ-1. Се надеваме на интересен и квалитетен натпревар, каде двете екипи се желни за првиот трофеј во оваа сезона.