Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ја победи репрезентацијата на Велика Британија
ЖРК Вардар ја победи репрезентацијата на Велика Британија

ЖРК Вардар ја победи репрезентацијата на Велика Британија

Сениорската екипа на ЖРК Вардар успеа да излезе како победник на контролниот натпревар со репрезентацијата на Велика Британија. Натпреварот кој вечерва се одигра во СЦ.Јане Сандански заврши во наша корист со резултат 29:25 (16:14).

Во најголем дел од натпреварот имавме предност, која во првиот дел во еден момент достигна и седум гола разлика. Во првите осум минути од натпреварот, во три наврати противникот имаше водство од еден гол разлика, за при резултат 4:4, избраничките на Царчев и Платон да направат серија од 8:1 и да поведат со највисоки 12:5. Репрезентацијата на Велика Британија се врати во игра, кога намали на само два гола негатива (13:11), додека на полувреме се замина со резултат 16:14.

Во вториот дел, нашиот тим не дозволи ниту во еден момент да ја испушти предноста. Повторно се одлепивме на пет гола разлика, кога резултатот на семафорот беше 21:16. Велика Британија не успеа да се врати во игра и да го однесе натпреварот во неизвесност. Ние имавме и шест гола предност, за на крајот да славиме триумф со резултат 29:25.

Најефикасни во нашиот состав беа Ивона Трпевска со 8 гола и Дона Тодоровска со 6. Тамара Ивановска и Симона Василева имаа по 5 погодоци. На голот, Вероника Ѓорѓиевска запиша 14 одбрани и постигна еден гол.

На овој натпревар бевме без Андреа Илиќ, Борјана и Бојана Коцева, Сара Стефаноска и Леона Миленкоска, кои се со репрезентацијата.