Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Европскиот вицешампион полека го комплетира “ростерот“ за новата сезона во ЛШ
Европскиот вицешампион полека го комплетира “ростерот“ за новата сезона во ЛШ

Европскиот вицешампион полека го комплетира “ростерот“ за новата сезона во ЛШ

Европскиот вицешампион, екипата на ЖРК Вардар ќе се обиде во својата петта последователна сезона во лигата на шампионите да стигне до толку посакуваниот трофеј од најголемото ракометно натпреварување. Екипата полека го комплетира ростерот, со кој ќе влезе во новата сезона и ќе се спротивстави на останатите учесници во ЛШ. Со неколку промени од минатата сезона, клубот ќе атакува на највисоките цели и во новата натпреварувачка сезона.

Познато е дека во екипата веќе ги нема Ања Алтхаус, Мајса Песоа, Тамара Мавсар, Камила Херем, Дијана Илина и Сања Дамњановиќ. По заминувањето на Мавсар и Херем, позицијата лево крило ќе биде пополнета со репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска и Полина Кузнецова од Русија. Дамњановиќ ќе биде заменета од уште една Македонка, се работи за Мирјета Бајрамовска, додека можеби најзвучното засилување е на позицијата пикер, се работи за Драгана Цвијиќ која ќе ја замени Алтхаус. Се споменуваше и името на Теодара Керамитчиева од вториот тим на Вардар, која игра на позицијата лев бек, но нема сеуште официјална потврда од клубот, дека може да биде ново засилување за црвено-црните. На сите позиции сме пополнети, само најверојатно во екипата ќе биде вклучен и нов трет голман, кој треба да ја потполни празнината, по заминувањето на Песоа, а тоа можно е да биде голман од Вардар СЦЈС. Лејно и Суслина повторно ќе бидат последен одбранбен зид на тимот. На десно крило остануваат Радичевиќ и Ристовска, средни бекови се Лекиќ и Хмирова, додека нашиот најдобар играч последниве две сезони, Андреа Пенезиќ повторно ќе напаѓа од левата бековска позиција. Лазовиќ, Лакрабер и Кликовац остануваат на позиција десен бек, додека споменавме дека на пикер ќе ги имаме Цвијиќ и Алтхаус.

Веќе ги дознавме противниците во првата групна фаза, а тоа се екипите на ФТЦ, Ларвик и победникот од втората квалификациска група. Идентично како и минатата, така и оваа сезона ќе ја започнеме на домашен терен, против екипата на ФТЦ Будимпешта. Вардарки веќе имаат искуство од настапите во лигата на шампионите, каде во претходниве сезони на три пати освојувавме бронзен медал и еднаш второ место, кога бевме многу блиску до освојување на круната. Се надеваме дека ќе имаме многу повеќе среќа оваа сезона и ќе повториме успехот на машката екипа.