Овој викенд започнува сезоната 2022/2023 во женската сениорска ракометна лига. Своето официјално деби на клупата Царчев ќе го има против тимот на Куманово.
Веќе во првото коло не очекува дерби натпревар гостуаме во истоимениот град, натпрварот е закажан за во сабота (10.септември). Дуелот во салата „Перо Наков“ ќе започне во 19 часот и 30.минути.
Ова е интересен дуел, ривалот го води долгогодишниот тренер на црвено-црните Ристова Драгана која има нов предизвик во кариерата. Во тимот на кумановчанки има уште две екс вардарки, Симона Грујовска и Пешиќ Мила.