Вчера во хотелот Александар Палас во Скопје беа доделени првите оскари за жената во спортот во Република Македонија во организација на здружението ТАКТ. Таа е силна, инспиративна и победува – беа зборовите со кое здружението го најави гала-настанот на кој тринаесет жени во спортот добија посебни признанија за своите активности, во и надвор од теренот.
Женскиот ракометен клуб Вардар доби признание за најуспешна женска екипа во земјава. За науспешна спортистка во колективен спорт “оскар“ доби Сара Ристовска која ги бранеше црвено-црните бои се до почетокот на летото.