Женскиот црвено-црн колектив ќе ја има последната пресконференција оваа сезона по повод меч во ЕХФ Лигата на шампионите пред евентуалниот Ф-4. Повод за прес-конференција е реванш четврт-финалниот натпреварот од женската лига на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Митјиланд (Данска). Прес-конференцијата ќе се одржи денес, четврток, (13.04.2017 година) во 12-00 часот во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот меѓу Вардар и Митјиланд е закажан за в сабота (15 април 2017 година) со почеток во 17,30 часот во Скопје, во СЦ „Јане Сандански”