Според претходно договореното во новата сезона во женската регионална ракометна лига требаше да учествуваат повторно четири екипи, но тимот на Подравка го откажа настапот. Се случи да останат само три екипи, меѓу кои и Вардар и ќе се играат планираните турнири, во три денови со по два натпревари.
Домаќин на првиот турнир е екипата на Будуќност, и натпреварите треба да се одиграат во периодот од 13 до 15 септември во Подгорица. Ќе учествуваат екипите на Вардар, Крим и Будуќност.
Вардар е победник на ланската сезона во ВРХЛ лигата по триумфот во Скопје.
Распоред за првиот турнир
13 септември 2017
19 часот: Будуќност – Вардар
14 септември 2017
19 часот: Крим – Вардар