Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар продолжува со победите, падна О.Поле во Свети Николе
ЖРК Вардар продолжува со победите, падна О.Поле во Свети Николе

ЖРК Вардар продолжува со победите, падна О.Поле во Свети Николе

Денес, ЖРК Вардар дојде до победа во Свети Николе кај Овче Поле во 3.коло оваа есен. Нашите дами имаат 100% ефект на старотот по оваа победа со 36-22 на гостувањето. 

На почетокот двата двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа за почетна резултаска симетрија, 4-4. Потоа вардарки влегоа во серија и со 0-5 се одлепија на 4-9, од минута во минута ни ја зголемувавме предноста и на одмор заминавме со двоцифрена предност. За време на паузата во салата Цар Самиоил резултатот беше 10-20 за црвено-црните девојки.

.
Вардарки во вториот дел предноста додатно ја зголемија од десет на 14.погодоци (16-30), потоа се беше рутина и ја одржувавме оваа висока разлика. Победата дојде со високи 22-36, ова е наша третта победа по ред во исто толку кола во оваа сезона во женската група-Б од сениорската лига.

Kaj нас се истакна Ивона Трпевска  со 9 гола ( 3 пенала),  потоа: Сара Миновска 5 гола, Бојана Диневска 4 гола, Бојана Коцева 6 гола, Ивана Џатевска 2 гола, Борјана Коцева 1 гол, Наталија Максимовска 1 од пенал, Магдалена Тошевска 3, Златица Васевска 2 гола, Катерина Дамјановска 2 гола и Марија Галевска 1 гол.  Голманите заедно Илиќ и Трајкоска имаа 10.одбрани.