Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар убедлив против Хипо
Жрк Вардар убедлив против Хипо

Жрк Вардар убедлив против Хипо

Вардарки во еден меч без резултатски императив во првата групна фаза во ЕХФ Лигата на шампионките ја пречекаа екипата на австриски Хипо. Нашите девојки  во дветретини од мечот играа резервирано што гостите го користеа за да имаат атрактивен резултат на ова тешко гостување,но на крај проработе нашиот шампион кој им нанесе голем пораз со 37-25. На полувреме резултатот беше 15-14.

Мечот почна со неколку изгубени топки на обете страни, првиот погодок дојде во третата  минута од мечот. По што следеше серија 3-0 на црвено-црните за резултат 3-1. Во продолжението опуштена игра на вардарки што ја користат гостите за серија 2-4 и резултатот во 10 минута е реми на семафорот 5-5. Избраничките на Кастратовиќ се обидуваат да се одлепат и успеваат да направат 3-1 во 15 минута со атрактивниот гол од свртување на Радичевиќ зголемуваме на 8-6, а веднаш потоа по една украдена топка истата ракометарка во контра зголемува за максимални 3.плус дотогаш најголемо водство на нашите девојки од 9-6. Гостите повторно се враќаат во мечот со два погодока по ред за намалување на водството на вардарки на само еден гол, по што Кастратовиќ побара минута одмор. Тоа веденаш даде плод за следеше наша серија 3-1 за водство 12-9 со голот на Лекиќ во 20.минута од дуелот во Јане Сандански. Горичанец погодува два напада по ред за австриките, но сепак нашата Черноиваненко одговара со исти скор во мрежипо во 25 минута резултаот на семафорот гласеше 14-11. Повторно пад во нашата игра во последните 5.минути од мечот гостинките постигнуваат 3 гола, а нашите девојки само еден. Резултатот на полувреме на дуелот во С.Ц “Јане Сандански“ гласеше 15-14. Навистината нашите девојки не покажуваат желба за надигрување со послабиот противник, публиката дојдена во салата и таа пред ТВ екраните заслужува поцврста и помотивирана игра.

Вториот дел почна повторно со гол на Хипо како и првиот дел, австриките изедначија за на 15-15. Радичевиќ веднаш во следниот напад погодува и го враќа голот преднос за црвено-црните.  Исклучувањето на Лекиќ го искористуваат гостите со голот на Кајсер да поведат со 17-18. Страшно незалагање на нашите девојки вака слаб Хипо успева да победе со 17-19. Вардар ги користи  двете исклучување на гостинките и успеава да го сврти резултатот во своја корист со серија 3-0 за резултат 20-19.  Вардар на голот денес ја има мотивираната Лејно која е на висината на задачата цел меч. Вардаки почнуваат со својата игра и постигнуваат 3 нови гола во 15 минута водиме со 23-19. Конечно одиме на 5 гола предност со голот, погаѓа  Хмирова за 25-20.  Тука не застана црвено-црната машина Лекиќ од пенал со својот 9 гол, па Дембеле и Хмирова идеме на веќе оромни 8 плус, резултатот е 28-20 во 20 минута. Веќе е се јасно Хипо ќе иде дома со полна мрежа следи нова серија 3-1 за зголемување на водството на 32-21 во 23 минута. Добар потег на Кастатовиќ на голот на место на Лејно влегува младата Петковска. До крајот се беше рутина се знаеше дека гостите ќе мора да се помират со двоцифрен пораз во Скопје, резултатот на крајот беше 37-25.

Најдобри кај црвено-црните девојки беа : Лекиќ со 9-гола, Пенезиќ 6, Черноиваненко и Радичевиќ по 4 гола, а Лејно имаше 10 успешни одбрани на мечот.