Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со гостинска победа кај Скопје
ЖРК Вардар со гостинска победа кај Скопје

ЖРК Вардар со гостинска победа кај Скопје

Девојките на Царчев, денес гостуваа кај екипата на ЖРК Скопје на дуел од сениорската лига. Вардарки на натпреварот дојдоа до победа со резултат 34-16 на ова гостување во салата „Форца“ во Скопје.

Започнавме со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, домаќинот парираше се до 3-4. Потоа следена минути на нашата екипа, вардарки влегоа во серија  1-6 и поведовме со шест гола при резултат 4-10. На одмор заминавме со резултат 7-1. Во вториот дел продолживме со исти ритам, постепено зголемувајќија предноста над ривалот. Победата дојде со резултат 16-34 на оваа средба од 11.коло во женската ракометна групата-А.

Кај нас Стефановска Сара и Трпевска Ивона имаа по 10.гола,  а Џатевска Ивана стрелаше умешно 4.пати. Илиќ имаше 7.одбрани, Трајкоска одбрани 5.удара, а Ѓорѓиевска сопре 4.топки.