ЖРК Вардар беше поразен во вчерашното дерби со старо-новиот шампион на Македонија, екипата на Ѓорче Петров. Гостите победија со 25-26 во еден драматичен натпревар.
Во текот на цел прв дел имавме предност над противникот, некогаш од три, но на моменти и од еден погодок. Влеговме во финишот со гол предност, сепак гостинот успеа да изедначи на 15-15. Во вториот дел се играше околу резултатската симетрија речиси во текот на целиот период. Имавме шанси за реми, но не погодивме и бевме поразени од 25-26.
Трпевска погоди 11.пати, Стефаноска стрелаше во 10.наврати. Илиќ сопре 6.удара, Ѓорѓиевска одбрани 3.топки.