Во „Јане Сандански“ денес гостуваше ЖРК Куманово кај избраничките на Ристова и Царчев. Се одигра еден силен пријателски меч на две кавалитетни екипи, гостинките кои имаат неколку интернационални засилувања успеаа да дојдат до победа со 21-25 над ЖРК Вардар.
Започна дуелот со по еден гол на двете страни, ривалот отвори ние преку Трпевска, која атрактивно шутна со десна рака од десната крилна позиција изедначивме на 1-1. Дојде до пад во нашата игра, противникот од контри и од седмерци се одлепи со серија 0-5 на 1-6. На сцена стапи голманот Грујовска која врза 3-4 одбрани, тоа го наградија во напад Миновска и Трпевска. Пред крајот на првиот дел намаливме на 8-9, сепак немавме сила пред налетите на повозрасните ривалки кои успеаа на одмор да заминат со четири гола предност. Резултатот беше на 11-15 за време на кратката пауза помеѓу двата дела.
Вториот дел го започнавме со гол на Костовиќ и одбрана на Трајкоска по која намаливме на 12-15. Противникот влезе во серија 0-4 и ни се одлепи на 12-19, ние врзавме два гола, преку крилата Васевска и Јаковчевска, по што противникот повторно успеа да биде во позиција да го зголемува резултатот. Ние успеавме да дојдеме до резултатски приклучок, намаливме на 17-20 по што кумановци побараа минута одмор. Златица Васевска на левата крилна позиција одигра на ниво, давајќи додатен имплус на тимот. Миновска сосема одлично се снајде на левата бековска позиција, пробивајќи ја „гранитната одбрана“ на ривалот. Mечот заврши со резултат 21-25 за ривалот.
Кај нас Костовиќ имаше пет гола, по три погодока имаа во нашиот тим три девојки, Миновска, Дамјаноска и Трпевска. Галевска и Васевска погодија по два пати во мрежата на ривалот. Голманките повторно имаа солидна партија, сите заедно одбранија 17.пати. Најголема бројка зад своето име имаше Грујовска која одбрани 7 удари, Илиќ сопре 6 топки, а Трајкоска одбрани 4 топки.