Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС во вториот дел го “скрши“ Куманово
Вардар СЦЈС во вториот дел го “скрши“ Куманово

Вардар СЦЈС во вториот дел го “скрши“ Куманово

Pакометарките на Вардар СЦЈС гостуваа во меч од женската Супер лига во градот Куманово кај истоимениот женски тим. На полувреме мечот беше нерешен, сепак нашите девојки одиграа одлично второ полувреме и  на крајот  победија со 31-23. За избраничките на Симе Симовски ова беше 13-та победа сезонава.

Во првото полувреме со гол мечот го отворија домаќинките, на што ние одговоривме со погодок за изедначување на 1-1.  Во првиот дел ниту една екипа не успеа да се одлепи постојано се изедначуваше резултатот. Беше 3-3, па 4-4, …9-9, 10-10. Успеавме пред финишот да се долепиме со серија 1-3 на 11-13. Сепак домаќинот намали, ние неуспеавме да вратиме со гол и тие   во последниот напад постигнаа гол за израмнување, 13-13 со што се замина на одмор.

Вториот дел започна со по два погодока на двата женски колектива за повторна резултатска симетрија на семафорот, 15-15. Црвено-црните потоа направија клучна за победата серија 0-4 и се одлепија првпат на позитива од четири гола, 15-19. После ова водство ние целосно го котролиравме дуелот недозволувајќи истото да биде загрозено до домашната екипа. До крајот на мечот постојано перманентно го зголемувавме водството. На крајот триумфиравме со “седум плус“ односно 31-23 на овој лигашки дуел. Кај нас најефикасна беше Нолевска која погоди 8 пати, Трпковска имаше 6 гола, а  Керамичиева стрелаше 5 пати. На голот одлична беше  Петковска  која зад своето име впиша 15 одбрани, таа беше потпомогната од младата вардарова кадетка Мицевска  која имаше 5 одбрани.

Вардар СЦЈС: Петковска (15 одбрани), Мицевска (5 одбрани), Стојановска 2, Трпковска 6, Георгиевска, Митова 3, Бојаџиска 3, Тодоровска 2, Мицевска, Станиќевска, Керамичиева 5, Георгиевска, Мишевска 1, Божиновска, Николовска 1, Атансовска 1, Нолевска 8.