Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар е втора најдобра екипа во ЛШ, со најдобар напад и трет најдобар стрелец
ЖРК Вардар е втора најдобра екипа во ЛШ, со најдобар напад и трет најдобар стрелец

ЖРК Вардар е втора најдобра екипа во ЛШ, со најдобар напад и трет најдобар стрелец

Екипата на ЖРК Вардар четврта последователна сезона е дел од лигата на шампионите и во најдобрите осум екипи. Нашите девојки главната рунда од најголемото ракометно натпреварување ја завршија како втора најдобра екипа според бројот на освоени бодови. Само тимот на Ѓер беше подобар со 17 освоени бодови. Вардарки го заземаат второто место со 15, додека по 14 бодови собраа екипите на ФТЦ и Будуќност. Во двете групни фази, црвено-црните имаа вкупно осум победи, еден нерешен резултат и два порази. Поразите беа во серија од екипите на Будуќност и Мец, додека единствениот нерешен резултат беше на стартот на сезоната, кога во Јане Сандански ремизиравме со екипата на ФТЦ.

Вардар е најдобар во однос на најефикасен напад, или вкупно 311 постигнати голови, шест повеќе од Ѓер кој има 305 погодоци во досегашниот дел од натпреварувањето. Што се однесува до листата на стрелци, во ТОП-50 има четири ракометарки на Вардар. Највисоко котира Андреа Пенезиќ на третото место со 74 постигнати голови, исто колку што има и вториот стрелец Аманда Куртовиќ, или четири помалку од Сабирова која го држи врвот, но не за долго со оглед дека нејзиниот тим Астраханочка ги заврши настапите во ЛШ за оваа сезона. На оваа листа место има и за Јованка Радичевиќ ( 53 гола), Андреа Лекиќ (43) и Александра Лакрабер (40).

Во четвртфиналето Вардарки за противник го имаат Дански Митјиланд, кој заврши како четвртопласиран во другата група. Овој противник го краси добрата одбрана, што говори дека се на третото место според бројот на најмалку примени голови. Против оваа екипа игравме во нашата прва сезона и тоа на завршниот турнир кога славевме во борба за третото место и на тој начин за прв пат го освоивме бронзениот медал. Во истата сезона игравме со нив и во втората групна фаза, кога по една победа им припадна на двата тима. Со Митјиланд имавме можност да играме и минатата сезона, кога во рамките на главната рунда издвојувавме две високи победи. На домашен терен славевме со 33:24, додека на теренот во Данска победивме со двоцифрена разлика (15:25). Тоа значи дека позитивен биланс во дуелите со следниот наш противник и последната пречка кон пласман на уште еден завршен турнир во Будимпешта.