Денес во салата “Автокоманда“ се игра Ф4 завршниот турнир во женска младинска конкуренција, во дуелот за “бронза“ свое учество имаа младинките на Вардар. Тие во “малото финале“ дојдоа до победа и обезбедија бронза, со резултат 29-22 (14-11) тие го совладаа тимот на Кичево 10.
Дуелот почна со по два гола на двете страни и почетни 2-2. Потоа црвено-црните девојки на Платон и Кузмановска влегоа во серија и поведоа со 5-2. Тимот од Кичево успеаа да се врати во продолжение и изедначи на 6-6. Сепак нашите младинки заиграа на ниво и со серија 5-1 се одлепија на плус четири, 11-7. Од тогаш па се до крајот на првиот дел ние ја контолиравме средбата. На одмор заминавме со позитива од три гола, на семафорот стоеше 14-11 во наша корист.
Вториот дел почна со одлични 3-0 на стартот за нас па отидовме на 17-11 по само три минути ракомет во ова мало финале. Тие шест позитива успеавме да ги зачуваме се до крајот. Во последната минута влеговме со плус шет позитива,28-22. Со голот на Паланковска Тамара го поставивме конечниот резултат 29-22. Со истиот дојдовме до “бронза“ што е одличен пласман за нашиот младински тим оваа сезона во единствената женска лига.
Вардар: Бабунска, Софковска, Пешиќ, Коцеска Борјана 2, Неловска 3, Сандева, Коловска 2, Величковска, Паланковска 4, Алушевска, Стојчевска 3, Ивановска 4, Костадиновска, Гоцевска 5, Ангеловска 5, Коцевска Бојана.