Ѓер е екипата која успеа да ја одбрани Европската титула, откако по втор во големото финале го победи Вардар. Идентично како минатата, така и оваа сезона на завршниот турнир славеа унгарките дури по продолженијата од по пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат. Вардарки пропуштија шанса да се радуваат на трофејот, со оглед дека на 20 секунди пред крајот имаа водство со голот на Леки. Сепак Ѓер израмни преку Талеска, а за Вардар останаа 9 секунди за напад, во кои не успеавме да упатиме удар. Во продолженијата повеќе сили, но и среќа имаше Ѓер.
Погледнете ги најинтересните моменти од финалето, на линкот, ТУКА.