Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Време е за одбрана на нов трофеј, Вардар против Металург во финалето на Купот
Време е за одбрана на нов трофеј, Вардар против Металург во финалето на Купот

Време е за одбрана на нов трофеј, Вардар против Металург во финалето на Купот

Вардар и Металург денес со почеток од 16:30 часот ќе играат во големото финале од купот на Македонија. Вчера во полуфиналните дуели, Вардар беше подобар од Пелистер, додека Металург го победи тимот на Еурофарм Работник.

Вардарци ќе се борат за својот 13-ти трофеј во националниот куп, а последната пречка е тимот од Автокоманда. Минатата сезона во истава сала “Младост“ во Битола го добивме Металург на завршниот турнир, но тогаш во полуфиналето кога во еден неизвесен меч славевме со резултат од 31:30. Пред две години во Охрид се сретнавме со истиов противник во големото финале и тогаш славевме, но многу поубедливо со резултат 31:24. Од сезоната 2013/2014 нашите ракометари се убедливи во Купот триумфирајќи на сите натпревари. Вардар првпат победи во Купот во сезоната 1999/2000 година, а во три наврати имаше и серии од по два триумфи по ред. „Црвено-црните ” остануваат недостижни за другите ривали во Купот на Македонија. Црвено-црните се во серија од четири последователни трофеи во ова натпреварување. Минатата сезона во големото финале ја добивме екипата на Еурофарм Работник со резултат 31:26. Денешното финале ќе биде и јубилеј за пет играчи од актуелниот состав на вардарци. Инаку, Игор Карачиќ, Стојанче Стоилов, Илија Абутовиќ, Страхиња Милиќ и Тимур Дибиров ќе имаат можност по петти последователен пат да го подигнат трофејот во купот, откако и во претходните четири години беа на врвот со Вардар, а тука е секако и предводникот од клупата, Раул Гонзалез. Инаку нашиот шампион е првиот клуб во Македонија, на кого му успеало претходно во четири последователни наврати да го освои купот, а денес ќе има можност и да ја продолжи низата.

Вардар е фаворит во пресрет на финалето, со оглед дека во рамките на плеј-офот од супер лигата, убедливо и тоа со 20 голови разлика го победи тимот на Металург. Сепак ова ништо не мора да значи, ова е сепак финале и сигурно дека тимот од Автокоманда ќе се бори со сите сили да го намачи актуелниот бранител на трофејот. Тренерот Гонзалез на дуелот со Пелистер комбинираше со составот и можност за игра им даде на сите играчи. Очекуваме нова добра игра на црвено-црните и трети трофеј за оваа напреварувачка сезона, по пто мислите ќе ги насочиме кон завршниот турнир во Келн.