Кадетките на екипата на ЖРК Вардар на турнирот во Црна Гора (Никшиќ) започнаа со пораз. Тие се доведоа во ситуација иако подобри да впишат пораз и да им требаат две победи од два меча за пласман во полуфиналето. Нашите црвено-црни девојки покажаа храброст го прифатија предизвикот и со две победи обезбедија полуфинале. Во него ривал екипа на ЖРК Будуќност. По крајот на овие искушенија дојде време за одмор.
На вечерата тие со роденденски подарок, торта и песна и го честитаа роденденот на нивната соиграчка Катерина Дамјановска. Воедно го прославија и пласманот во полуфиналето, кои и е подарок плус на оваа млада ракометна надеж.