Новата сезона во Регионалната лига,која треба да започне на 2 септември,Вардар ќе ја отвори на домашен терен против екипата на Металург.Овие две екипи играа во првото коло и во сезоната која помина,во која Вардар го освои трофејот во ова натпреварување.Минатата сезона овие два тима одиграа два натпревари во Сеха-лигата,оној првиот воведниот заврши со поделба на бодовите,а на вториот дуел екипата на Металург беше поуспешна.
И во сезоната 2014/2015 Сеха лигата ќе брои 10 екипи со мали измени,во имињата на екипите кои се натпреваруваат.Лигата ќе биде засилена со екипата на Веспрем од Унгарија,а дебитант во ова натпреварување ќе биде и екипата на Раднички од Крагујевац.
Двојките за првото коло се:
1.Вардар-Металург
2.Нексе-Загреб
3.Брест Мешков-Борац Бања Лука
4.Раднички-Војводина
5.Веспрем-Татран Прешов