Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Леонида Гичевска од Вардар, избрана за најдобар играч на последните два натпревари на кадетската репрезентација
Леонида Гичевска од Вардар, избрана за најдобар играч на последните два натпревари на кадетската репрезентација

Леонида Гичевска од Вардар, избрана за најдобар играч на последните два натпревари на кадетската репрезентација

Леонида Гичевска е Вардаровата гордост која не претставува на европското првенство за кадетки, кое во изминатиов период се одржува во Скопје. На последните два дуели на Македонската репрезентација, против селекциите на Шпанија и Германија, Леонида заслужено е прогласена за најдобар поединец кај нашите девојки. На натпреварот со Шпанија постигна три голови и беше втора по ефикасност во составот предводен од Јулија Дамчевска. Следеше меч со Германија, на кој младата Гичевска беше и најдобар стрелец постигнувајќи пет голови.

Оваа млада надеж на Македонскиот ракомет, настапува за втората екипа на Жрк Вардар со која ја освои младинската лига и третото место во најсилната домашна супер лига. Има само 17 години, пред која стои блескава играчка кариера. Леонида е убедливо најефикасен играч во Македонската кадетска репрезентација на ова европско првенство. Зад нејзиното име досега има впишано 18 погодоци. Очекуваме оваа сезона да добие повик за настап и во првиот тим на Жрк Вардар.