Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кети Ангеловска: Стартуваме како најмлада екипа, но со голема желба и напорна работа веруваме дека ќе ја оправдаме довербата на нашите тренери
Кети Ангеловска: Стартуваме како најмлада екипа, но со голема желба и напорна работа веруваме дека ќе ја оправдаме довербата на нашите тренери

Кети Ангеловска: Стартуваме како најмлада екипа, но со голема желба и напорна работа веруваме дека ќе ја оправдаме довербата на нашите тренери

Првиот тим на ЖРК Вардар во еден поинаков лик ќе го гледаме во новата натпреварувачка сезона. Како што е познато екипата ќе ја сочинуваат ракометарки кои се генерациски родени “2002„ година, односно играчи кои потекнуваат од младинските екипи на Вардар. Кети Ангеловска е една од ракометарките кои во новата сезона ќе настапува за Вардар, таа е една година во клубот откако дојде од РК Делчево, преку настапите во “Јуниор„ лигата. Во следново наше интервју ве запознаваме токму со ракометарката која потекнува од школата на Делчево.

1. Беше ли тешка промената од Делчево во Скопје, брзо ли се вклопи во новата средина ?

-Преминувањето од мал во голем град е исто така вид на предизвик, но познавајки го претходно Скопје по многубројните утакмици особено од Вардар Јуниор Лигата овој предизвик беше мал, додека доаѓањето во Вардар беше голем предизвик за мене.

2. Што беше пресудно за да се одлучиш да се преселиш во Вардар ?

-Главен виновник за мојата одлука да прифатам да дојдам во Вардар е мојата желба за успех и напредок. Оваа ми е втора сезона во Вардар, првата сезона бев дел од младинскиот тим на Вардар во кој стекнав многу знаења кои ми ги пренесоа тренерскиот тандем Платон-Кузмановска.Првиот тим на Вардар -ова беше дел од мојот сон.

3. Пред вас е голем предизвик, настап за првиот тим на Вардар. Како течат подготовките на екипата, која е предводена од тренерскиот двоец, Симовски-Пецевска.

-Уште поголеми предизвици во оваа сезона, стартуваме како најмлада екипа но со голема желба и напорна работа. Верувам дека ке ја оправдаме довербата на нашиот стручен штаб, но и на сите кои ќе навиваат за нас. Засега подготовките течат во најдобар ред со позитивна атмосфера, за сето тоа се заслужни тренерскиот тандем Симовски-Пецевска од кои уште на стартот учиме многу, но и од другиот дел од стручниот штаб -Царчев,Лојаница.

4. Какви се очекувањата во вардаровиот табор за претстојната сезона ?

-Како што кажав иако сме најмлада екипа ќе се потрудиме да оствариме висок пласман и во супер лигата но и во младинска во која што исто така ќе се натпреваруваме оваа сезона,а се надеваме и нормално ќе го даваме својот максимум да напредуваме па во блиска иднина да го повториме успехот на дел од нашите тренери ,всушност на возрасниот Вардар кој претходните сезони имаше огромни успеси, па зошто да не и на Кометал Ѓорче Петров.

5. Дали Кети има некое мото, за мотивација и успех ?

“Тренирај додека твојот идол не ти стане ривал„ ,а со тоа верувам дека еден ден можеби и ние ќе станеме нечии идоли.

Звонко Ивановски