По лошото издание на турнирот Букурешт, нашите девојки се вратија во Скопје каде одиграа повторно дуел (втор ова лето) против рускиот тим на Ростов Дон. И по втор пат нашиот тим беше по успешен од русинките. Натпреварот нашите девојки го добија со резултат 34:27. Овој натпревар се играше три пати по дваесет минути, во малата сала во СЦ. Јане Сандански.
Најефикасни во нашиот тим беа Пенезиќ и Дамњановиќ со по шест погодоци, а Черноиваненко придодаде уште пет реализации. На овој дуел вообичаено тренерскиот тандем Кастратовиќ – Питлик испробаа многу варијанти во играта на шампионот.