Значајна победа во првото коло на Лигата на Шампионите,и тоа на гостински терен против екипата на Целје Пивоварна Лашко.Во еден тежок и неизвесен натпревар,на крајот Вардарци подобро се снајдоа и забележаа значајна победа од 26:27.
Натпреварот одлично започна за нашиот тим,веќе во првите две минути имавме предност од 0:2.Целје како да се ослободи од притисокот,почнува да игра многу брзо и разновидно во нападот и го презема водството од 3:2,за во 10 минута да имаат најголема предност во тие моменти од 6:3.Продолжува доминацијата на домаќините,наметнаа свој стил на игра ,на кој Вардар во тие моменти немаше решение.Во 22 минута веќе имаат осетна предност од 11:5.Во продлжение на првото полувреме,избраниците на Раул Гонзалес почнаа да играат многу подобро.Предноста на домаќините се повеќе се топеше,најпрво израмнува на 11:11,а потоа Душебаев погодува и за предност од 11:12.Првото полувреме завршува без предност на двата тима 12.12.
Во вториот дел се водеше рамноправна игра на теренот,со свои минути и моменти на двата тима.Целје и во второто полувреме го контролираше некако резултатот и имаше предност од 1-2 гола.На голот го имавме феноменалниот Арпад Штербик кој уште еднаш покажа зошто е најдобар голман на светот.Со своите феноменални одбрани не дозволи во вториот дел,неговиот тим да има поголема негатива од три гола.Тимур Дибиров само да подсети зошто беше избран во ол-стар тимот на ЛШ за минатата сезона,постигнуваше погодоци од речиси невозможни позиции за крилен играч.Дефинитивно со Штербик,Душебаев и одличниот Прибак,потпомогнати од одбраната беа најзаслужни за оваа права воведна победа,и многу значајна за продолжението од ова натпреварување.
Најефикасни во нашата екипа беа Тимур Дибиров со 11,Душебаев со 8 и Прибак со 4 постигнати гола.Одличниот на голот Арпад Штербик имаче вкупно 21 одбрана.Во следното коло на 4 октомври,во Спортски Центар Јане Сандански гостува екипата на Чеховски Медведи.
27.09.2014