Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Почнува новата сезона во Лигата на Шампионите,Вардар стартува против екипата на Целје Пивоварна Лашко.

Почнува новата сезона во Лигата на Шампионите,Вардар стартува против екипата на Целје Пивоварна Лашко.

Почнуваат новите возбудувања во најголемото ракометно натпреварување,почнуваат нови големи натпревари за Вардар,со надеж дека ќе одиме едно скалило погоре од минатата сезона.Прв противник на Вардар е шампионот на Словенија,екипата на Целје Пивоварна Лашко. Целје влегува во новата сезона без своите најдобри стрелци од минатата сезона Маргуц и Зеленовиќ.

Минатата сезона во Л.Ш,Целје постигна забележителен настап за своите можности и успеа да влезе во топ 16,каде налета на шампионот Фленсбург.Пред своите навивачи пружија силен отпор на шампионот и патуваа со +1 во Германија,на реванш средбата Фленсбург ги доби со +3 и замина понатаму. Најдобар стрелец минатата сезона во Цеље беше Маргуц со фантастични 79 гола,која оваа сезона не е дел од Цеље.Исто така костурот на тимот е ослабен и со вториот нивни стрелец од минатата сезона Зеленовиќ и Лекаи.

Клубот го засилија дури седум нови играчи:Миха Зарабец,Тилен Кодрин,Симе Ивиќ,Михал Касал,Џејк Малус и Гал Маргуч. Еден од носителите на играта е Лука Звижеј кој има богата кариера носејќи го дресот на Барселона,Пик Сегед,Сандандер.

Во подготвителниот период беа многу активни и одиграа многу пријателски натпревари,каде немаа изгубено ни еден натпревар,постигнувајќи ги следниве резултати:

1.Целје П.Л.-Баја Маре 33:23
2.Целје П.Л.-Трембле 27:26
3.Целје П.Л.-Селестат 30:25
4.Целје П.Л.-Јерузалем Ормож 43:21
5.Целје П.Л.-Ферлах 44:27
6.Целје П.Л.-Тимо Требње 34:25
7.Целје П.Л.-Данкерк 28:23

Во првенството стартуваа со три убедливи победи,над своите противници.
2.Слован-Целје П.Л. 23:39
3.Целје П.Л-Рк Свиш 48:19
4.РД Рико Рибница-Целје П.Л. 22:38

Целје Пивоварна Лашко го освои и супер купот на Словенија,каде беа поуспешни од екипата на Рк Свиш,со резултат 31:22.Во 1/16 на националниот куп,беа подобри на гостински терен од екипата на Радовљица,победувајќи ги со убедливи 10:48.

Овие резултати говорат дека словенскиот шампион се наоѓа во одлична форма,пред дуелот со Вардар,дали токму црвено-црните ќе ја прекината оваа победничка серија на Целје,ќе погледнеме во сабота на Алфа Тв со почеток од 20:30.Вардарци се очекува да настапат без Растворцев и подолго повредениот Владимир Петриќ.

26.09.2014

Leave a Reply