Со постојано водство во текот на целиот натпревар,екипата на Вардар им се врати на победите во Сеха-лигата против екипата на Нексе.Вардар забележи убедлива победа со резултат 31:22.Во првите 30 минути,тимот од Хрватска успеваше да нема поголема негатива од четири гола.
Натпреварот беше изедначен до 5 минута,од тие моменти почна доминацијата на Вардар која траеше во целиот натпревар.Највисоко водство црвено-црните имаат во 15 минута,кога со голот на Тоскиќ поведуваат со 7:3.До крајот на првото полувреме предноста во корист на Вардар се движи помеѓу 2-4 гола.Матјаж Брумен со својот погодок означува крај на првиот дел за предност на Вардар од 15:11.
Во второто полувреме Вардар продолжува да го контролира натпреварот,со голот на Абутовиќ во 39 минута,веќе има водство од 20:14.Со два гола во серија,Нексе успева повторно да се врати на достижни четири гола разлика во 42 мин.Во продолжение од мечот следи една мала серија на Вардар за зголемување на предноста на 26:19.Во тие моменти забележителна улога има десното крило Данил Шишкарев кој постигна три гола.Како се ближеше крајот на мечот,така Вардарци го полнеа голот на тимот од Нашице,и со головите на Стоилов и Марковиќ да го постават конечниот резултат на овој дуел 32:21.
Страхиња Милиќ беше единствениот чувар на мрежата на Вардар ,на овој дуел,кој забележа 19 успешни интревенции.Покрај него на клупата беше и Арпад Штербик кој немаше потреба да влегува,покрај одличниот Милиќ.
Најефикасни во нашиот табор беа Горбок со 5,Марковиќ,Душебаев и Шишкарев постигнаа по 4 гола.Следниот меч на Вардар во Сеха-лигата,е повторно на Кале.Ова ќе биде најверојатно последен меч за Рк Вардар во С.Р.Ц.Кале, против екипата на Загреб каде нов тренер е Веселин Вујовиќ.
Фото:рквардар.мк
21.09.2014