Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар поразен од Веспрем,во дербито на Сеха-лигата.

Рк Вардар поразен од Веспрем,во дербито на Сеха-лигата.

Црвено-црните го доживеаа првиот пораз во Сеха-лигата,од екипата на Веспрем со резултат 31:23.Заслужена победа на Унгарскиот тим,кој го контролираше натпреварот и не дозволи ни во еден момент Вардар да има водство на овој дуел.

Првиот гол падна дури во 6 минута за водство на Веспрем,кој набргу имаа предност и од 3:0.Вардарци својот прв гол го постигнуваат во 8 минута,дело на Тоскиќ.Вардар немаше одговор за брзата игра на унгарците кои постигнаа и неколку голови во контра напади.Резултатот во текот на првото полувреме се движеше со предност на домаќините од 3- 5 гола,за на полувреме да заминат со предност од 17:12.Петар Ангелов бранеше во првиот дел и забележа 7 успешни интервенции.

Во второто полувреме на голот започна Арпад Штербик што не беше доволно за Вардар да го сврти резултатот во своја корист.Во 47 минута со голот на Игор Карачиќ намаливме на 23:20.Во следните минути следи шоу на Момир Илиќ кој успева да постигне пет гола по ред ,за највисока предност на Веспрем од 28:20 во 53 минута од натпреварот.Со два гола во серија повторно успеваме да намалиме на 28:22,повторно Веспрем возвраќа со неколку гола.Конечниот резултат гласи 31:23.Ова е само првата битка од дуелите помеѓу овие две екипи.Она вистинското следува во Лигата на Шампионите каде токму Веспрем е во група со Вардар.

Арпад Штербик забележа 6 одбрани,а најпрецизни кај Вардар беа Тимур Дибиров со 5 , Тоскиќ и Брумен со по 4 постигнати гола.

Leave a Reply