Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ви ја Преставуваме екипата на Веспрем,следниот противник на Вардар во Сеха-Лигата.

Ви ја Преставуваме екипата на Веспрем,следниот противник на Вардар во Сеха-Лигата.

Оваа сезона,Сеха-лигата ќе биде посилна за уште еден великан на европскиот ракомет кој секоја година е во најдобрите топ 8 екипи во Европа.Екипата на Веспрем одлучи од оваа година да се приклучи на ова натпреварување,кое важи за голем проект,и кое прераснува во многу силна и почитувана лига од Ехф.

Тимот од Унгарија,направи неколку мали промени во играчкиот кадар.Екипата ја засилија: голманот Роланд Миклер,потоа пикерот Андреас Нилсон,крилото Гаспер Маргуч и бековите Кристијан Цајц и Мате Лекаи,како и Петер Шмид.Од клубот заминаа:Нандор Фазекаш,Живан Пешиќ,Урош Виловски и Тамаш Мокаи.

Пред почетокот на сезоната ,екипата на Веспрем одигра неколку подготвителни турнири и натпревари.На турнирот “Спаркасен куп“ го освоија првото, место оставрувајќи ги следниве резултати:
1.Веспрем-Шафхаузен 30:22
2.Веспрем-гепинген 33:27
Финале:Веспрем-Фуксе БерлиН 34:29

Подготвителни натпревари:
1.Веспрем-Равенсбург 54:18
2.Веспрем-Шафхаузен 29:27
3.Веспрем-Балатонфуред 33.28

Во супер купот на Унгарија,Веспрем го декласираше Пик Сегед со резултат 33:24

Во првите три натпреаври во Сеха-Лигата имаат и исто толку победи.
1 коло:Војводина-Веспрем 19:32
2 коло:Татран Прешов-Веспрем 29:32
3.Борац Бања Лука-Веспрем 29:33

Натпреварот Вардар-Веспрем се игра во среда со почеток од 16:00.Вардар на овој дуел ќе настапи без Блаженко Лацковиќ,Владимир Петриќ и Стефан Терзиќ.

12.09.2014

Leave a Reply