Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар убедливо против Борац Бања Лука.

Вардар убедливо против Борац Бања Лука.

Рк Вардар ја забележа и третата победа во Сеха-лигата,совладувајќи ја екипата на Борац со резултат 22:31.Екипата на Борац беше достоен противник само во воведните 15 минути од натпреварот кога резултат беше израмнет 5:5.Од тогаш па се до крајот,црвено-црните доминираа на теренот и на крајот забележаа убедлива победа.Со два гола по ред на Шишкарев и еден на капитенот Лазаров,во 19 минута Вардар почнува да се одлепува на пристојна разлика.Резултатот во тие моменти гласеше 5:9.До крајот на првото полувреме,само ја зголемувавме разликата во наша корист.На полувреме се замина со предност од 9:15.Забележителна улога во првите 30 минути,имаа капитенот Филип Лазаров кој попстигна 5 , и Добривоје Марковиќ со постигнати 4 гола.

Во вториот дел ништо поразлично не се случуваше.Вардар беше оној кој го диктираше темпото на игра во своја корист.Со еден одмерен удар, Страхиња Милиќ од гол на гол успева да го совлада противничкиот чувар на мрежата,за највисоко водство од 11:18 во 40 мин.Во наредните минути,следи мала серија на Борац,која успева да го намали резултатот на 14:18,но тоа е се што успеаа да направат во второто полувреме.Во продолжение од дуелот,Вардар продолжува да ја полни противнижката мрежа.Најпрво со голот на Душебаев да поведе со 16:24,потоа и со двата гола на Стоилов да имаме најголема предност од 16:26 во 52 мин.До крајот на мечот за одбележување се и двата гола на Растворцев,кој полека ја враќа формата ,и почнува да добива доверба кај Гонзалес.Конечниот резултат е 22:31 за Вардар,со кој ја оставривме и третата победа во Сеха-лигата.

Најефикасни во нашата екипа беа Добривоје Марковиќ со 7,Лазаров постигна 5,а Карачиќ 4 гола.Милиќ забележа 15 одбрани.По три одиграни кола,Вардар го дели првото место со екипата на Веспрем,кој е и следниот противник на Вардарци во ова натпреварување.Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 16:00.

10.09.2014

Leave a Reply