Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Борац Бања Лука,за трета победа победа во Сеха-Лигата.

Вардар против Борац Бања Лука,за трета победа победа во Сеха-Лигата.

Во среда со почеток од 20:00,екипата на Рк Вардар ќе го одигра и третиот натпревар во Сеха-лигата.По првите две воведни кола и победите против Војводина и Металург,овој пат противник е екипата на Борац.

Минатата сезона,екипата на Борац ја одбрани дуплата круна во својата земја.Во регионалната лига минатата сезона,остварија резултат од 5 победи и 13 порази.На двата дуели одиграни изминатата сезона,Вардар оствари две победи во дуелите со екипата од Бања Лука.Поради недостаток на финансии,оваа година Борац нема да учествува во кфалификациите за Лигата на Шампиони.Нов тренер на екипата е Игор Раџеновиќ.Борац со речиси идентичен состав ќе се натпреварува и оваа сезона.Единствено новини во екипата се,доаѓањето на голманот Станко Абаџиќ,во тимот се врати и пикерот Ратко Николиќ.Од клубот замина голманот Блажевиќ.

Пред почетокот на новата сезона,Борац учествуваше на турнирот “Добој 2014“ каде ги оствари следниве резултати:
1.Борац Бања Лука-Азоти Пулави 28:28
2.Борац Бања Лука-Бешикташ 25:28
3.Борац Бања Лука-Дервента 27:26

По две кола во Сеха-лигата,екипата на Борац има два порази:
1.Брест Мешков-Борац Бања Лука 31:27
2.Борац Бања Лука-Веспрем 29:33

09.09.2014

Leave a Reply