Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одлично издание на црвено-црните против Металург,за нова победа во Сеха-Лигата.

Одлично издание на црвено-црните против Металург,за нова победа во Сеха-Лигата.

Вардар им се врати на победите во дуелите со Металург,и на убедлив начин и доминација во текот на целиот натпревар забележаа победа.Момците на Раул Гонзалес влегоа многу мотивирано на овој дуел уште од првата минута,со некои мали падови на моменти во играта.Со погодокот на Шишкарев Вардар веќе има водство од 5:0,а екипата од Автокоманда својот прв гол го постигнува дури во 13 минута и тоа од 7 метри на Циндриќ.Штербик одлично го започна мечот и беше најзаслужен што успеавме уште на почетокот да се одлепиме на пристојна разлика.Тимур Дибиров погодува за резултат 9:1 што е и најголема предност на Вардар на мечот.До крајот на првиот дел,Вардарци успеваат да ја задржат разликата која ја стекнаа во првата половина на натпреварот.Значителна улога има и Сергеј Горбок,кој сигурно беше најдобар играч на Вардар на овој меч.Во моменти кога не одеше во нападот,тука беше Горбок со своите удари да постигнува погодоци.

Во второто полувреме следи малку подобра игра на Металург,но и еден наш пад во играта.Тоа го искористува противникот за полека да ја смалува разликата.Во 50-тата минута,резултатот на семафарот гласи 18:17,или само еден гол предност за Вардар.Со подршката од Комити,која беше голема и не изостана ни во еден момент,црвено-црните повторно се будат.Вардар успева да направи нова серија од 3:0 за повторно да има голема и недостижна предност.Штербик почнува да влегува во серија одбрани,а Горбок продолжува да ја полни мрежата на Коциќ.Тимур Дибиров со една атракција во свој стил,успева да постигне атрактивен погодок и да го подигне цело Кале на нозе.

Конечниот резултат гласи 27:21 во корист на Вардар,за кој оваа е втора победа во Сеха-лигата.Вулканот Кале повторно се активира,и повторно изгледаше моќно.Комити беа на ниво цел натпревар и со својата подршка имаа голем удел во победата на црвено-црните,кои на крај ги отпоздравија за атмосферата што ја приредија

Најефикасни во Вардар беа Горбок со 9,Душебаев и Дибиров додаоа по 4 гола.Штербик имаше 11 одбрани..Вардар во следното коло од ова натпреварување гостува во Бања Лука,на екипата на Борац.Натпреварот е закажан за 10-ти септември.

Фото:рквардар.мк

06.09.2014

Leave a Reply