Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вулканот Кале повторно се активира,со дерби натпреварот помеѓу Вардар и Металург.

Вулканот Кале повторно се активира,со дерби натпреварот помеѓу Вардар и Металург.

Во сабота со почеток од 20:15 во С.Р.Ц.Кале,Вардар ја пречекува екипата на Металург во рамките на 2 коло од Регионалната лига.Дефинитивно Кале е вулканот и неосвоивата тврдина и за Вардар и за Комити,каде паѓаат и најголемите екипи.По изгубената титула минатата сезона токму од овој противник,и поразот во финалето на Струшкиот турнир,во сабота се очекува момците на Раул Гонзалес да покажат и докажат дека се поквалитетна екипа и дека оваа сезона ќе го вратат приматот во домашното првенство.Овие дуели секогаш носат нешто повеќе од ракомет и обична игра,секогаш има моменти кога се исфрлаат искри на теренот и кога се подгоруваат страстите.Нема многу тактики и скриени адути кога играат против себе овие две екипи.

Во екипата на Металург имаше неколку промени во играчкиот кадар.Од клубот заминаа:Раде Мијатовиќ,Никола Кеџо,Дејан Пецаковски,Златко Мојсовски,Петар Топиќ,Игор Мандиќ.Екипата ја засилија:Мирослав Коциќ,Милорад Кукоски,Дарко Џукиќ,Мијајло Марсениќ и Владан Липовина.Александар Петревски не е веќе дел од стручниот штаб на Червар,кој замина да работи како главен тренер во женската екипа на Металург.

Минатата сезона овие две екипи,одиграа два натпревари во Регионалната лига.Првиот заврши со нерешен резултат,а на вториот дуел поуспешна беше екипата на Металург.Тимот од Автокоманда не успеа да обезбеди учество на завршниот турнир,додека Вардар беше шампион на ова натпреварување.Во финалето кое се играше во Нови Сад,Вардар ја победи екипата на Брест Мешков и го освои вториот трофеј во Сеха-Лигата.

05.09.2014

Leave a Reply