Екипата на Рк Вардар со победа против Војводина во Нови Сад ја започна одбраната на трофејот во Сеха-лигата освоен мината сезона.Првите 13 минути од натпреварот не навестија дека Вардар ќе има поголеми проблеми во мечот,во тие моменти имаа предност од 1:6 со голот на Тимур Дибиров.Тренерот на Војводина повика тајмаут што резултираше во продолжение со подобра игра на тимот од Нови Сад,кој целосно се врати во мечот,па дури успеа и да поведе со 10:8 во 24 мин.Првото израмнување се случи во 27 минута со голот на најновото засилување Данил Шишкарев за кој ова беше прв натпревар во дресот на Вардар,откако ги пропушти подготвителните турнири поради вирусна инфекција.На полувреме се замина со предност на Војводина од 12:10.
Првиот гол во вториот дел ,дело на Грузијецот Датукашвили,кој летово ја засили Војводина и кој носи предност од три гола.Од тие моменти на теренот игра само една екипа,а тоа е Вардар кој успева да направи серија од 0:8 во следните 10 минути да го преземе резултатот во свои раце.Во 42 минута резултатот на семафорот гласеше 13:18.До крајот на натпреварот Вардар успева да ја задржи оваа предност и да ја забележи првата победа во новата сезона на Сеха –лигата.Конечниот резултат гласеше 21:26.
По едно полувреме меѓу стативите беа Петар Ангелов кој забележа 6 одбрани,и Арпад Штербик со вкупно 5 одбрани.Најефикасни кај Вардар беа Матјаж Брумен со 6 ,Лацковиќ,Душебаев и Дибиров постигнаа по 4 гола.Во следното коло Вардар ја пречекува екипата на Металург.Овој натпревар ќе се игра на 6-ти август во С.Р.Ц.Кале
31.08.2014