Екипата на Војводина од Србија,втора сезона по ред ќе се настапува во Регионалната лига.Тоа е клуб кој претрпе најголеми промени во играчкиот кадар од сите други екипи кои ќе се натпреваруваат во оваа лига.Минатата сезона го освоија седмото место,и имаа скор од 7 победи и 11 порази.Во меѓусебните дуели на Вардар и Војводина,по една победа им припадна на двата тима.
Ви го презентираме стручниот штаб,сите нови играчи кои ја засилија екипата,и оние кои си заминаа од клубот по завршување на изминатата сезона.
Стручен штаб:
1.Џорџе Ќирковиќ
2.Драган Кукиќ
3.Марко Шешум
Екипата на Војводина ја засилија:Јован Кукобат,Бобан Живковиќ,Огњен Петровиќ,Бранко Канкараш,Милош Орбовиќ,Вук Перовиќ,Филип Марјановиќ,Срџан Вељковиќ,Серго Датукашвили и последното од серијата нови засилувања е поранешниот играч на Вардар,пивотменот Вук Лазовиќ.
Од клубот си заминаа следниве играчи:Мирослав Коциќ,Миљан Пушица,Милан Мирковиќ,Александар Пилиповиќ,Никола Дамјановиќ и Владислав Веселинов.
Своите подготовки клубот ги одработи на Златар во периодот од (28.07-07.08),после што се вратија во Нови Сад.Во склоп на подготовките одиграа и неколку пријателски натпревари пред почетокот на новата сезона:
1.Војводина-Азоти Пулави 30:28
2.Војводина-Пик Сегед 17:39
3.Војводина-Пик Сегед 17:34
4.Војводина-Југовиќ Унимет 34:27
Во првото коло на Сеха-лигата беа убедливо поразени на домашен терен од дебитантот во ова натпреварување,екипата на Веспрем од Унгарија со резултат 19:32.Натпреварот со Вардар ќе се одигра во недела со почеток од 18:00.
30.08.2014