Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го освои второто место на “Кањижа Куп 2014“

Вардар го освои второто место на “Кањижа Куп 2014“

Екипата на Рк Вардар завршија со подготвителните турнири,пред почетокот на новата сезона.Последна увертира и контрола за моменталната форма на играчите,Раул Гонзалес ја имаше на силниот меѓународен турнир “Кањижа куп 2014“.Во финалето на турниров,Вардар беше поразен од екипата на Пик Сегед со резултат 30:31.Најголемата предност унгарскиот преставник ја има во 18 минута,кога успева да поведе со резултат 6:14.Вардар успева да врати со четири гола во серија и да го намали водството на Пик Сегед од 10:14.До крајот на првото полувреме најдобар кај црвено-црните беше Тимур Дибиров со неколку постигнати голови во серија.Резултатот по првиот дел гласеше 14:17.

Многу брзо во вториот дел успеваме да израмниме со погодокот на Карачиќ,а во 36 минута со голот на Дибиров дури и да поведеме ,што беше прво наше водство во тие моменти од мечот.Во продолжение на натпреварот следиме изедначена игра на двете страни со менување на предноста на двете екипи.При резултат 30:31, останаа уште 30 секунди до крајот на мечот.Вардар го имаше последниот напад ,но обидот на Алекс Душебаев го одбрани противничкиот голман.

Претходно во групата Вардар го освои првото место,забележувајќи две победи.Во вовениот натпревар против Тунис забележавме победа од 32:25.На вториот натпревар поуспешни бевме од екипата на Партизан со резултат 31:23.Вардар се враќа во Скопје,каде продолжува со тренинзите пред почетокот на новата сезона во Сеха-лигата и дуелот против Војводина на 31-ви август во Нови Сад.

Leave a Reply