Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар замина за Србија,каде ќе учествува на “Кањижа Куп 2014“
Рк Вардар замина за Србија,каде ќе учествува на “Кањижа Куп 2014“

Рк Вардар замина за Србија,каде ќе учествува на “Кањижа Куп 2014“

Екипата на Рк Вардар продолжува со подготвителните турнири пред почетокот на новата сезона.После Струга,Вардар ќе учествува на четвртиот по ред силен меѓународен турнир “Кањижа Куп 2014“,кој ќе се одржи во спортската сала ,Бања Кањижа, од 22-24 август.Утре момците на Раул Гонзалес го играат првиот натпревар од 16:00 против репрезентацијата на Тунис,во сабота се сретнуваме со Партизан,а недела е ден за пласман.На турниров ќе учествуваат уште и екипите на Горење Велење,Нексе и Пик Сегед.

Исто така и Жрк Вардар СЦБТ во овој период ќе настапи на силен турнир “Хандбал Фиеста“.Во првиот натпревар девојките на Индира Кастратовиќ ќе играат против актулениот европски шампион,екипата на Ѓер.Натпреварот се игра од 18:00.На 24 август,противник е екипата на Ларвик.Пред овој турнир Жрк Вардар СЦБТ одигра само еден контролен натпревар,против екипата на Ерд од Унгарија на кој забележа победа.

21.08.2014

Leave a Reply