Екипата на Металург е победник на 42-рото издание на Струшкиот турнир,откако во финалето го победи Вардар 25:19.Мечот почна добро за Вардар,со брзо водтсво од 2:0.Од 7 минута кога беше и првото израмнување па натаму Металург го презема водството во свои раце и го одржува се до крајот на мечот.Веќе во 15 минута противникот има предност од 3:6,а новото засилување на Вардар Сергеј Горбок намалува на 6:7 во 19 минута.Во следната минута од натпреварот поради еден вербален дуел,судиите им доделуваат црвени картони на Тоскиќ и В.Маркоски.Првото полувреме завршува со резултат 8:12.Штербик бранеше во првиот дел и имаше шест одбрани.
Со голот на Брумен во 39 минута,Вардар се доближува на само еден гол негатива до противникот 13:14.Во тие моменти не искористивме два играчи повеќе во поле,место ние да поведеме,дозволуваме повторно Металург да се одлепи на четири гола позитива,кои ги одржува до крајот на мечот.Страхиња Милиќ во второто полувреме забележа вкупно седум одбрани.
Најпрецизни во Вардар беа Карачиќ со 6 и Дибиров со 3 гола.Столе Стоилов беше избран за најдобар поединец кај црвено-црните.Екипата се враќа во Скопје каде продолжува со тренинзи,а последните подготовки пред почетокот на новата сезона ќе ги имаат на турнирот “Кањижа Куп“,кој ќе се игра од 22-24 август.
16.08.2014