Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја победи Металопластика и се пласираше во финалето на Струшкиот турнир.
Вардар ја победи Металопластика и се пласираше во финалето на Струшкиот турнир.

Вардар ја победи Металопластика и се пласираше во финалето на Струшкиот турнир.

Екипата на Рк Вардар се пласираше во финалето на 42 –рото издание на традиционалниот Струшки турнир,со победата над Металопластика со резултат 26:23.Овој натпревар го започна капитенот Филип Лазаров како организатор на играта,на лево крило започна Марковиќ,а во првата седморка се најде и новото засилување Сергеј Горбок,па токму со неговиот гол во 6 минута имаме водтсво од 3:0.Првиот гол противникот го постигна дури во 7 минута,дело на Палевиќ.Првото израмнување се случи во 14 минута,резултатот гласеше 7:7.Во тие моменти голманите имаа свои моменти,на едната страна нашиот Ангелов,кај Металопалтика голанот Арсиќ.Со петиот гол на капитенот Лазаров,од кои четири беа од 7 метри Вардар поведува со 13:12 во 27 мин.Во следниот напад Лацковиќ го постигнува својот деби гол во дресот на Вардар за водство од 14:12.На полувремето се замина со минимална предност од 15:13.

Во вториот дел,тренерот Гонзалес направи неколку измени во составот.Тимур Дибиров од седум метри погодува за водтсво од 17:14.Во наредниот период следи мала серија на Вардар,за во 40 минута со голот на Лацковиќ да имаме најголема предност на мечот,плус пет позитива 21:16.Металопластика ја враќа серијата голови во своја корист и постигнува пет,а прима само еден погодок.Голманот Арсиќ беше најголемиот виновник за враќањето во игра на противникот,па во тие моменти Раул Гонзалес повикува тајмаут да ги смири момците.Вардарци во последните десет минути успеваат да ја одржат разликата на 2-3 гола,и со погодокот на Дибиров да ја заверат победата.На овој натпревар одмараше Штербик,па тоа го искористи Петар Ангелов,кој зад своето име на крај имаше 12 одбрани.

Најпрецизни беа Брумен, Душебаев и Лазаров постигнувајќи по 5 гола.За најдобар поединец во редовите на Вардар беше прогласен Матјаж Брумен.Во финалето Вардар ќе се сретне со екипата на Металург.

15.08.2014

Leave a Reply