Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Амандин Лејно – голман кој секој би го посакал во својот тим
Амандин Лејно – голман кој секој би го посакал во својот тим

Амандин Лејно – голман кој секој би го посакал во својот тим

Вардарки со победа го започнаа настапот на првото издание на “Вардар турнирот. Во првиот натпревар беше забележана висока победа против Германски Лајпциг од 37:25. Една од најзаслужните за високиот триумф, беше секако Амандин Лејно која имаше одличен настап на голот. Мечот го заврши со неверојатни 26 одбрани и со еден постигнат гол од цел терен.  Француската репрезентативка на голот на Вардар наиде на големо воодушевување кај присутната публика во салата. Имаше моменти кога забележуваше во серија и по две одбрани, што ја правеше централна фигура на теренот. Честитки и поддршка добиваше од клупата, од нејзините соиграчки и тренерскиот тандем Инди-Питлик.

Може со сигурност да се каже дека нема забележано ни еден слаб настап, од нејзиното доаѓање во Скопје. Вистински избор направи тогаш управата кога ја доведе од Романска Валчеа. Иако Лејно во тој период беше повредена и немаше подолго време забележано настап, сепак покасно се покажа како  вистинско решение за тимот. На многу натпревари во ЛШ заедно со Суслина биле спасителите и хероите за Вардарки. Со вчерашниот свој блесок повторно не потсети на најзините одлични партии во црвено-црниот дрес.

Само најави дека и во новата сезона ќе биде една од главните движечки сили на својата екипа, кон остварување на главната цел. На клупата вчера ги остави Суслина и младата Петковска, која доби шанса да влезе во последните 6 минути. Ако се избираше најдобар играч, тоа дефинитивно ќе беше популарната “Дуду“, која се наметнува како најсериозен кандидат за наградата најдобар голман на крајот од турнирот.