Вчера, во СЦ “Јане Сандански“-мала сала се одигра дербито во женската Супер лига, на кое тимот на ЖРК Вардар кој е најмалад тим во оваа сениорска лига го пречека фаворитот ЖРК Металург. Младите девојки храбро влегоа во мечот и го нападнаа противникот особено на почетокот одиграа храбро сепак немаа сили да се носат со далеку помоќниот ривал. Црвено-црните дами беа совладани со резултат 18-27 (9-13).