Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црвенковска: Станав првата жена тренер во машката елита и добив шанса да водам моќен клуб како што е Вардар
Црвенковска: Станав првата жена тренер во машката елита и добив шанса да водам моќен клуб како што е Вардар

Црвенковска: Станав првата жена тренер во машката елита и добив шанса да водам моќен клуб како што е Вардар

Билјана Црвенковска влегува во историјата на машкиот ракомет како прв тренер на една машка екипа. Поранешната репрезентативка на Македонија и ракометарка на Вардар ја доби можноста да му биде асистент на Гарсија Парондо на клупата на црвено-црните. Секако големо е задоволство да се води ваков силен и амбициозен клуп, а таа чест ја има секако Црвенковска. Во интервју за ЕХФ таа говори за Вардар и за резултатите оваа сезона.

-Секогаш е убаво кога си прв во нешто, посебно кога станува збор за Лигата на шампионите. Станав првата жена-тренер во машката елита и добив шанса да водам моќен клуб како што е Вардар. Тимот имаше стручен штаб составен од тренер, тренер на голманите и кондициски тренер, па беше потребно да се покрие и позицијата помошник. На тимот му требаше некој кој е подолго време во ракометот, но и некој кој добро го познава тимот. Така ја добив шансата да бидам дел од тренерскиот тим“

Црвенковска вели дека постигнатите резултати не се случајни, туку дека се должат на добар шпански систем на работа.

-Вардар има добар старт во Лигата на шампионите со победи над силни екипи. Истите не се случајни, туку се работи за добропоставен систем на работа. Имаме еден наш „вардаров систем“ кој им беше презентиран на сите нови играчи на подготовките. Раул го почна, Парондо го продолжи истиот ситем на работа“,

Целото интервју со Билјана Црвенковска, можете да го прочитате на линкот, ТУКА.