Лука Циндриќ не ги заборави годините поминати во Вардар и се уште еден дел од неговото срце е со Вардар. Циндриќ кој моментално настапува за Киелце не заборави да одвои време и да го проследи преку малите екрани и дуелот на црвено-црните против екипата на Барселона.
Тој на својот инстаграм профил објави слика, како поддршка за неговиот поранешен клуб со кој успеа да ја освои Европската титула.