Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ања Велкова: Мојата цел беше еден ден да го носам црвено-црниот дрес
Ања Велкова: Мојата цел беше еден ден да го носам црвено-црниот дрес

Ања Велкова: Мојата цел беше еден ден да го носам црвено-црниот дрес

Ања Велкова е најновото засилување за Жрк вардар јуниор во новата натпреварувачка сезона. Дојде од младинската екипа на Металург, во која настапуваше една година.

-За Вардар сакав да настапувам уште поодамна, кога добив понуда уште од минатата сезона. Тоа беше и мојата цел, еден ден да го носам црвено-црниот дрес. Условите тука се подобри за работа и за мојот напредок во ракометот. Со девојките се знам од порано и добро сум прифатена од нивна страна. Се трудам максимално да се вклопам, иако тоа ќе си дојде со текот на времето.

Ања е кадетска репрезентативка на Македонија и беше една од подобрите ракометарки и стрелци за нашата репрезентација.

Немав можност да отпатувам со екипата на подготовките на Копаоник, бидејќи бев на турнир во Романија и поради настапот на европското првенство за кадетки во Скопје. Тука не се покажавме баш во најдобро издание, но сепак тоа е искуство плус за нас.

После враќањето од Копаоник, каде се задржавме осум дена, екипата се врати во Скопје и продолжи со тренинзи. Целта е во новата сезона да се остварат подобри резултати.

Напорно се работи на тренинзите во салата во С.Ц. Јане Сандански, со цел подобар успех оваа година во лигите каде ќе се натпреваруваме. Се надевам дека со трудот кој ќе го вложиме и напорната работа, ќе оствариме добри резултати во супер лигата и европските натпреварувања. Засега впечатоците од целата организација на клубот се одлични, изјави Ања Велкова за Вардар фанс.

Звонко Ивановски