Вардар оваа сезона во своите редови има вистински лидер и одличен кошаркар. Провел во овој момент е најдобар поентер во Првата лига, а на натпреварот против Гостивар во саботата постигна дури 41 поен со фантастичен шут (15-20) или (10-14) за два и (5-6) за три поени. Згора на тоа, имаше и 12 скокови (два офанзивни) и една асистенција и доби дури 46 индексни поени, што е ретко видено во нашата кошарка.
Но, иако фантастичниот Провел постигна 41 поен, сепак тоа не беше доволно за победа на Вардарци, кои загубија несреќно во последните мигови од натпреварот.
Во следното коло, Вардар гостува кај тимот на Охрид, а Провел ќе има нова шанса за одличен натпревар.